|
Буџет на Република Македонија за 2009 година
На 27 февруари 2009 година, Фондацијата Институт отворено општество – Македонија организираше јавен настан Буџет на Република Македонија 2009.
Со оглед дека заклучоците и препораките од анализата на Буџетот на Република Македонија за 2009 година, како и дискусијата на присутните поканети гости побудија голем интерес во јавноста, подолу ги објавуваме:
Преземете ја анализата (.pdf, 1,2 МB)
Звучен запис од настанот:
Потенцијалите за добро управување во локалната самоуправа
На 28 ноември 2008 година Фондацијата Институт отворено општество - Македонија преку проектот Процена на потенцијалот за добро управување во Македонија организираше јавен настан Потенцијалот за добро управување во локалната самоуправа.
Целта на настанот беше презентирање на заклучоците, сивите зони и препораките од спроведената Анализа на потенцијалот за добро управување во локалната самоуправа за три надлежности: администрирањето на локалните даноци и такси, урбанизмот и културата.
Автори на овој документ се Кире Китевски, Рамије Цара, Евгенија Бекташ -Јосифовска, Петар Теов, Зоран Милошоски и Данијела Апостоловска.
На настанот присуствуваа претставници од 25 општини, од Министерството за финансии, ЗЕЛС, АДС и Министерството за транспорт и врски.
Звучен запис од настанот:
Правната рамка и механизмите за заштита од дискриминација
На 18 ноември 2008 година Фондацијата Институт отворено општество - Македонија преку проектот Процена на
потенцијалот за добро управување во Македонија организираше јавен настан Правната рамка и механизмите за
заштита од дискриминација.
Целта на настанот беше презентирање на заклучоците и препораките од спроведената Анализа на правната рамка за
заштита од дискриминација на меѓународен и национален план по основ на национална припадност, полова
еднаквост, работен однос и по основ на хендикепираност. На настанот се дискутираше и за подготвениот предлог-закон
за антидискриминација.
Автори на овој документ се м-р Драги Целевски, Никола Прокопенко, Зоран Тодоров, Даница Станојевиќ, Тања
Јањиќ-Тодорова и Кети Стефкова.
На настанот присуствуваа претставници од Министерството за труд и социјална политика, за правда, СЕП,
невладиниот сектор, меѓународната заедница, и медиумите. Презентацијата и дискусијата може да ги слушнете на
записот, подолу.
Звучен запис од настанот:
Какви се потенцијалите за добро управување во економската сфера?
На 7 ноември 2008 година Фондацијата Институт отворено општество – Македонија преку проектот Процена на
потенцијалот за добро управување во Македонија организираше јавен настан Какви се потенцијалите за добро
управување во економската сфера?
Целта на настанот беше презентирање на резултатите, заклучоците и препораките од спроведената Анализа на
капацитетот за добро управување во економската сфера со фокус на макро ниво и на корпоративното управување,
преку следниве принципи на доброто управување: владеење на правоот, ефикасност, ефективност, транспарентност,
отчетност, респонзивност и партиципативност.
Автори на овој документ се д-р Ванчо Узунов, м-р Александар Стојков, м-р Верица Хаџи Василева Марковска, д-р Горан
Коевски д-р Александар Климовски.
Поканети беа претставници од сите засегнати институции и здруженија, од невладиниот сектор, меѓународната
заедница, независни аналитичари и експерти, од академската заедница и медиумите. Презентацијата и дискусијата може
да ги слушнете на записот, подолу.
Звучен запис од настанот:
Политики, програми и предуслови за добро управување во здравствениот систем
На 31 октомври 2008 година Фондацијата Институт отворено општество – Македонија преку проектот Процена на
потенцијалот за добро управување во Македонија организираше јавен настан Политики, програми и предуслови за
добро управување во здравствениот систем.
Целта на настанот беше презентирање на презентирање на заклучоците и резултатите од спроведената Анализа на
капацитетот за добро управување со јавното здравство и на препораките за идентификуваните „сиви зони“ на
десет основни јавно-здравствени функции. Анализата ги опфати следните три групи испитаници: централно и локално
ниво и невладините организации.
Автори на овој документ се д-р Данче Гудева-Никовска, д-р Фимка Тозија, д-р Драган Ѓорѓев, д-р Александар Арников
и д-р Александар Кишман
Поканети беа претставници од министерствата за здравство, за локална самоуправа, за труд и социјална политика, за
образование и наука, Републичкиот завод за здравствена заштита, регионалните и заводите за здравствена заштита,
Комисијата за здравство во Собранието на РМ, Светската здравствена организација, претставници од релевантни
здруженија, од невладиниот сектор, меѓународната заедница и медиумите.
Звучен запис од настанот:
Сивите зони во менаџментот на јавните пари
На 30 октомври 2008 година Фондацијата Институт отворено општество – Македонија преку проектот Процена на
потенцијалот за добро управување во Македонија организираше јавен настан Сивите зони во менаџментот на јавните
пари.
Целта на настанот беше презентирање на резултатите од спроведената Анализа на примената на принципите на добро
управување со јавните пари во периодот од декември 2006 до декември 2007. Според резултатите од анализата, се
посочија идентификувани „сиви зони“ според принципите на ефикасност, ефективност, транспарентност и отчетност кои
се однесуваат на Централниот буџет на РМ, на вонбуџетските фондови и на буџетските корисници и јавните
претпријатија. Работната група предложи и соодветни препораки за подобрување на состојбите.
Автори на овој документ се д-р Абдулменаф Беџети, д-р Билјана Ангелова, д-р Диана Бошковска, м-р Шенај
Хаџи-Мустафа и м-р Мишо Николов.
Поканети беа претставници од министерствата, Државниот завод за геодетски работи, Ветеринарната управа, Фондот за
здравствено осигурување, Фондот на ПИОМ, Фондот за магистрални и регионални патишта, Биро за стокови резерви, Биро
за стопански недоволно развиени подрачја, Комисијата за финансирање и буџет во Собранието на РМ, претставници од
релевантни здруженија, од невладиниот сектор, меѓународната заедница и медиумите.
Звучен запис од настанот:
Препораки за добро управување во социјалната заштита
На 28 октомври 2008 година Фондацијата Институт отворено општество – Македонија преку проектот Процена на
потенцијалот за добро управување во Македонија организираше јавен настан Доброто управувањена социјалната парична
помош.
Целта на настанот беше презентирање на резултатите од спроведената Анализа на капацитетот за добро управување во
социјална заштита во периодот од декември 2006 до декември 2007. Според резултатите од анализата, се посочија
идентификувани „сиви зони“ во спроведувањето на социјалната парична помош во Министерството за труд и социјална
политика, во центрите за социјална работа, како и мислењето на корисниците на социјалната парична помош, групирани
според принципите на добро управување. Работната група предложи и соодветни препораки за подобрување на
состојбите.
Автори на овој документ се Софија Спасовска, Сузана Велковска, доц. д-р Сузана Борнарова, Елизабета Куновска и
Пенка Николовска.
Поканети беа претставници од Министерството за труд и социјална политика, центрите за социјална работа, Заводот за
социјални дејности, АВРМ, ЗЕЛС, ФПИОМ, Стопанската комора, ИСРСП, претставници од релевантни здруженија, од
невладиниот сектор, меѓународната заедница и медиумите.
Звучен запис од настанот:
Препораки за добро управување во образованието
На 15 октомври 2008 година Фондацијата Институт отворено општество – Македонија преку проектот Процена на
потенцијалот за добро управување во Македонија организираше јавен настан Препораки за добро управување во
образованието.
Целта на настанот беше презентирање на резултатите од спроведената Анализа на капацитетот за добро управување во
образованието во периодот декември 2006 до декември 2007. Според резултатите од анализата, се посочија
идентификувани „сиви зони“ на централно, институционално и локално ниво со препораки за нивно подобрување.
Автори на овој документ се д-р Зоран Поповски, д-р Зоран Велковски, Лефкија Гаџоска, м-р Агим Рушити, Милка
Масникоса, Валентина Палевска-Муцунска и м-р Благица Димитриевска.
Поканети беа претставници од Министерството за образование и наука, Министерството за локална самоуправа, Бирото
за развој на образованието, Државниот просветен инспекторат, Центарот за средно стручно образование и обука,
Педагошката служба, Управата за развој и унапредување на образованието на јазиците на националностите, Бирото за
јавни набавки, ЗЕЛС, ректоратите на државните и приватните универзитети, ССМ, СОНК, Комисијата за образование во
Собранието на РМ, претставници од релевантни здруженија, од студентските организации и другите странски проекти
кои работат во оваа област.
Анализа на капацитетите за добро управување во образованието.
Звучен запис од настанот:
Како до подобро управување во судовите?
На 8 октомври 2008 година Фондацијата Институт отворено општество – Македонија преку проектот Процена на
потенцијалот за добро управување во Македонија организираше јавен настан Како до подобро управување во
судството?
Целта на настанот беше презентирање на резултатите од спроведената Анализа на капацитетот за добро управување во
областа реформи со судството во периодот декември 2006 до декември 2007. Покрај резултатите, се посочија
идентификувани „сиви зони“ и препораки за нивно подобрување, категоризирани во четири принципи на доброто
управување во судовите во Македонија: независноста, транспарентноста, квалитетот и ефикасноста. Истовремено, беше
посочено за кои од дадените препораки е забележано подобрување во досегашниот период.
Автори на овој документ се д-р Ана Павловска-Данева, д-р Гордана Бужаровска и д-р Татјана Зороска-Камиловска (сите
од Правниот факултет Јустинијан први, Скопје) и адвокат Снежана Станковиќ.
Поканети беа претставници од сите судови во РМ, Министерството за правда, од законоданвно-правната комисија во
Собранието на РМ, како и претставници од невладиниот сектор, од меѓународната заедница и медиумите.
Звучен запис од настанот:
Декларативното и реалното преку бројки
Фондацијата Институт отворено општество – Македонија организираше јавен настан Декларативното и реалното преку
бројки. Настанот се одржa на 19 септември 2008 (петок) во хотелот Холидеј ин со почеток во 10.30 часот.
Целта на настанот беше презентирање на наодите и заклучоците од спроведената Анализа на Буџетот и на Измените
и дополнувањата на Буџетот на Република Македонија за 2008 година (во месец август 2008) и отворање јавна
дискусија за процедурите, приходите и распределбата на расходите на усвоениот Буџет за 2008 година на Република
Македонија во Парламентот на 15 јули 2008 година.
Автори на истражувањето се проф. д-р Абдулменаф Беџети (Факултет на ЈИЕ, Тетово), проф. д-р Ванчо Узунов (Правен
факултет Јустинијан први, Скопје) и проф. д-р Билјана Ангелова (Економски институт, Скопје).
Поканети беа претставници од релевантни државни органи, пратеници во Собранието на РМ, претставници од невладиниот
сектор и од меѓународната заедница.
Комплетниот документ и излагањата на присутните на јавниот настан се дадени подолу.
Звучен запис од настанот:
|